Средба на министерот Јолевски со високиот претставник од САД Хојт Ји
Армијата на Република Македонија е целосно интероператибилна со армиите на земјите членки на НАТО, за што е потврда и учеството во НАТО мисијата во Авганистан...

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски оствари средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во американскиот Стејт департмент, Хојт Ји, кој е во работна посета на Република Македонија.
Главна тема на разговорот беше евроатлантските интеграции на Република Македонија. Министерот Јолевски истакна дека членството во НАТО е приоритет и затоа Министерството за одбрана и АРМ продолжуваат со активностите за исполнување на оваа цел, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Армијата на Република Македонија е целосно интероператибилна со армиите на земјите членки на НАТО, за што е потврда и учеството во НАТО мисијата во Авганистан.
На средбата Ји истакна дека Македонија ужива поддршка на САД за евроатлантските интеграции.
Тој исто така изрази благодарност за учеството на македонските војници во мировната мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“ и ја поздрави соработката на Армијата на Република Македонија со Националната Гарда на Вермонт.
Билатерланата соработка во областа на одбраната од министерот Јолевски и заменик помошник државен секртеар Ји беше оцената како одлична.
САД и Македонија се стартешки партнери, што особено се забележува во интензивната соработка во одбраната. Секоја година се одвиваат бројни активности во оваа област, а САД преку конктретни донации придонесува за зајакнување на Армијата на Република Македонија.
Министерот Јолевски и заменик- помошникот секретар Ји разменија мислења и за реформските процеси и модернизација на Армијата на Република Македонија.
