Саем на книга во Велес
Во Велес отворен саемот на книга. Годнава настанот на кој ќе бидат понудени голем број книжевни дела е во рамките на манифестацијата „Велес- град на културата“...

„Секој човек носи роман во себе, а пишаното и процитаното остануваат засекогаш“, ова е само една од пораките од Саемот за книга отворен во Велес. До крајот на викендот градот на Рацин и Прличко ќе биде местото каде е сконцентрирана на најголемата понуда на книжевни дела.
Со секоја купена книга издавачката куќа ќе донира по еден примерок на локалната библиотека.
Саемот на книга е дел од манифестацијата „Велес- град на културата“.
Раскази, романи, психолошки љубовни книги, белатристика, историски дела, книги за деца, преводи на дела од европски и американски автори се продаваат по популани цени.
Дијана Иванова
