Ракомет
Не Маседониа, туку Македонија
13.01.2014 13:22
Прекрасно беше да се биде македонец вчервечер во салата во Хернинг.
Прекрасно беше да се биде македонец вчервечер во салата во Хернинг.
Пред 15 000 дански навивачи, пред целиот естаблишмент на европската ракометна федерација, но и пред целиот свет имјќи предвид дека според информации од домаќинот во повеќе од 150 земји се следи европскиот шампионат, официјалниот спикер во секоја најава и по секој наш гол вели-Македонија. Не Маседониа, уште помалку онаа несватлива кратенка, туку јасно и гласно –МАКЕДОНИЈА. Не само поради заложбите на првите луѓе на нашата ракометна федерација да се користи нашето уставно име, искуството вели дека во Скандинавија одамна знаат кои сме и од каде доаѓаме.
