Мадрид: Уапсен поранешниот шеф на ММФ

17.04.2015 14:19

Поранешниот прв човек на Меѓународниот монертарен фонд Родриго Рато е уапсен во Мадрид под сомневање дека е вмешан во афера за перење пари и даночни измами, пишува мадридскиот весник „Ел паис“...

Родриго Рато кој своевремено бил министер за финансии на Шпанија, е уапсен во мадридската населба Саламанка пред група лубопитни граѓани и новинари и одведен во полициска станица. Полицијата, по апсењето, од неговата куќа изнела неколку кутии и компјутери.

Рато беше на чело на ММФ од 2004 до 2007 год, а негов наследник беше Доминик Строс-Кан. Рато беше и директор на банката „Банкија“ која што државата ја спасуваше  од пропаѓање пред три години. Против него се води истрага за околностите за пропаѓањето.