Бан Ки Мун: Итен прекин на огнот во Јемен

17.04.2015 12:21

Бан посочи дека земјата се наоѓала во тешка состојба и пред почетокот на нападите, кои ја влошиле и онака тешката состојба...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, повика на итен прекин на огнот во Јемен, но и на бомбардирањатана коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Бан посочи дека земјата се наоѓала во тешка состојба и пред почетокот на нападите, кои ја влошиле и онака тешката состојба. Во меѓувреме 36 луѓе загинаа при бомбардирање на позициите на происламските бунтовници.

Според податоци на Светската здравствена организација од почетокот на конфликтот повеќе од 800 луѓе загинале, над 2.000 се повредени.