Во Келн, комеморација за жртвите од авионската несреќа на „Џерман вингс“
17.04.2015 14:44
Во несреќата загинаа 150 патници и членови на екипажот, откако копилотот Либиц изврши самоубиство...

Денеска во Германија во Келнската катедрала се одржува комеморација за жртвите од падот на авионот на „Џрман вингс“, кој минатиот месец се урна во Алпите, при што загинаа 150 патници и членови на екипажот, откако копилотот Либиц изврши самоубиство.
На комеморацијата присуствуваа германскиот претседател Јоаким Гаук и канцеларката, Ангела Меркел.
