Американски падобранци ја обучуваат украинската Национална гарда

17.04.2015 16:07

Русија го осуди нивното доаѓање во Украина, пренесува Бета...

300 американски падобранци стигнале во Украина за да помогнат во обуката на  украинската Национална гарда во западниот дел на земјата, соопштува војската на САД. Русија го осуди нивното доаѓање во Украина, пренесува Бета.
 
Американските војници од  13-тата воздушно-десандската бригада, стационирани во италијанскиот град Винченца, слетале на аеродоромот во Лвов на западниот дел на Украина. 
 
Тие ќе обучуваат 900 припадници на Националната гарда сочинета претежно од доброволци. 
 
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека овој гест наместо смирување носи поголема дестабилизација на судирите.