Патот на емигрантите кон Европа
На патот кон Европа мигрантите од Блискиот исток и од Африка најчесто се обидуваат преку Медитеранот да дојдат до јужната европска шенген граница. Причините за нивното несигурно патешествие за подобар живот најчесто се војните, насилствата и несигурниот живот во кризните подрачја. Во последната несреќа кога се преврте брод со илегални бегалци, а кој тргнал од Либија животот го загубија околу 400 луѓе...

Италијанската гранична полиција, секојдневно се соочува со проблемите на мигрантите, особено напролет кога почнува сезоната на миграцијата на Средоземјето. Последната бродска нереќа, го згасна животот на 400 луѓе, а граничната полиција успеа да спаси 144 бегалци. Меѓу оние што имаа среќа да преживеат и да го продолжат патот кон ветената земја за подобар живот се и двајца браќа од Сирија
„Ако останевме, ние ќе умревме. Животот еднаш се живее. Затоа решивме да ризикуваме на овој пат... Пред да се случи несреќата, бевме во морето 15 часа. Бродот беше пренатрупан со луѓе. Овој пат среќата ми се насмевна“, велат браќата.
Од Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека бројката со илегални мигранти се зголемува рапидно. Бродовите на секои 3 часа пристигнуваат, а повеќе и нема место во центрите за сместување.
Од почетокот на годината во Средоземјето пред оваа несреќа се удавија над 500 мигранти, што е за 30 насто повеќе од истиот период од лани.
На патот кон морските рути на оние што се збогатуваат од субината на миграните, а кои претежно користат и гумени чамци што на сред море потонуваат, се од неколку африкански пристаништа.
Од Алжир патот ги води кон Шпанија. Од либиска страна мигрантите се пренесуваат кон Шпанија и Франција, Италија и Малта, а додека од Александрија рутата води кон Грција и Јадранот.
И покрај тоа што Унијата недоамна одобри формирање морски спасувачки операции, засега Брисел нема вистински одговор за оваа хуманитарна криза.
Мирјана Василева
