Кошарка

Сите ќе играат, но до кога?

17.04.2015 17:25

„За доброто на спортот и нашите навивачи в недела ќе го одиграме натпреварот со МЗТ Скопје“- велат од кумановскиот суперлигаш...

Со предлогот на генералниот секретар на КФМ ,викендов кошаркарскиот шампионат да продолжи со натпреварите од третото коло во супер лигата,а дополнително да се решава што и како со неодиграните три средби од првите две кола, денеска начелно се согласи и екипата на Куманово чиј претставник вчера побара дополнително време за консултации со управниот одбор на клубот.
 
„За доброто на спортот и нашите навивачи в недела ќе го одиграме натпреварот со МЗТ Скопје“- велат од кумановскиот суперлигаш, што претпоставува дека викендов покрај натпреварот Куманово-МЗТ ,ќе бидат одиграни и натпреварите КАрпош Соколи-Фени Индустри и Кожув-РАботнички.ДАли со ваквиот расплет е надмината кризата во македонската кошарка останува да се види.