Австралија: Петмина уапсени, планирале терористички напади
Австралиската полиција осуети терористички напад планиран за одбележувањето на 100 годишнината од Првата Светска војна. Уапсени се петмина кои имале контакти со џихадистите од исламска држава...

Голема антитерористичка акција во Мелбурн. Астралиската полиција уапсени петмина тинејџери кои подготвувале терористички напади за време на одбележувањето на стогодишнината од Првата Светска војна, што требало да се случи следната недела. Цел на нападот биле силите за безбедност.
„Тимот за борба против тероризам изутрината уапси пет момчиња, и сите се задржани во притвор. Двајца од нив најверојатно ќе бидат обвинети за повеќе дела меѓу кои и тероризам“, изјави Нил Гоган.
Според првичните информации од полицијата, момчињата имале контакти со Џихадистите од Исламска држава и ја подржувале нивната идеологија. При нападите, требало да користат мечеви, но се уште не е потврдено дали егзекуциите кои ги планирале требало да бидат слични на оние видо снимките од Исламска држава.
Силите за безбедност се во потрага по нивни соработници. Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека планираната манифестација, во знак на споменот на жртвите од Првата Светска војна, ќе се одржи и дека најдобар начин за борба против тероризмот е луѓето да продолжат со нормалниот начин на живот.
Австралија откако се вклучи во воздушните напади врз позиции на џихадистите, стана цел на напади на екстремистите, при што владата донесе одлука да го подигне нивото на безбедност.
Марија Петковска
