Фудбал

Пелистер конечно победи

18.04.2015 19:02

На стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, Битолчани после повеќе од половина година успеаја да ја извојуваат 5-та победа во годинешново првенство...

Се одиграа првите два натпревара од 25-то коло на фудбалското првенство на Македонија. Работнички ја совлада Шкендија со 1:0 со голот на Алтипармаковски во 4-та минута од судиското надополнување. Пелистер го порази Тетекс со 3:1. На стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, Битолчани после повеќе од половина година успеаја да ја извојуваат 5-та победа во годинешново првенство. Претходно, последен пат Пелистер се радуваше на 14 септември 2014  година во Битола,исто така против Тетекс со 3:0!

Утре ќе се одиграат преостанатите три натпревари од ова коло. Вардар ја пречекува Ренова, Хоризонт за противник го има Силекс, а Металург ќе игра против Брегалница.

 

Прва лига-25 коло

Работнички-Шкендија 1:0

Пелистер-Тетекс           3:1

Утре:

Вардар-Ренова  15.00 пренос МТВ

Металург-Брегалница 16.00

Хоризонт-Силекс        16.00