Уште еден македонски албанец загина во Сирија

13.01.2014 13:50

Уште еден македонски државјанин со етничко албанско потекло загина во Сирија, објавува порталот „Порталб“. Според првичните информации, станува збор за Алим Османи од Скопје. Веста ја потврдиле од семејството, пишува порталот, дополнувајќи дека на оружената сириска опозиција и се приклучил лани во јуни. Според семејството, тој не бил член на групите на Ал Каеда, роднините  го барале телото, но добиле информации дека не можат да го добијат. 