Ракомет Лига на шампиони - четвртфинале реванши

Вардарци без бело знаме во Киелце

18.04.2015 22:12

Овојпат вардарци ќе треба да слават со три разлика во Полска утре кај Киелце или со два, но со минимум 21 постигнат гол...

Мисијата на ракометарите на Вардар да се пласираат на завршниот турнир на Лигата на шампионите изгледа невозможно, но и минатата сезона црвено – црните беа „опрежалени“ пред гостувањето во Германија, па го елиминираа тогашниот европски првак Хамбург. Овојпат вардарци ќе треба да слават со три разлика во Полска утре кај Киелце или со два, но со минимум 21 постигнат гол.

Прв учесник на фајнл - фор турнирот во Келн е Барселона којашто и вторпат го совлада Загреб, прегазувајќи го дома во реваншот со 43:21. Македонскиот репрезентативен капитен, Кире Лазаров беше најефикасен со двете гола и повторно е прв стрелец во елитното натпртеварување со пет погодоци повеќе од Момир Илиќ чијшто Веспрем утре ќе игра против ПСЖ. Унагрицте од Париз донесоа реми, 24:24.

Екс европскиот шампион Кил пак, треба да надополни негатива од два гола од гостувањето во Полска кадешто загуби од Висла со 31:29.