Кошарка - Супер лига 3 коло
Работнички триумфално низ Гевгелија
18.04.2015 22:15
Во суперлигашката конкуренција нема неважни натпревари, така е и во третото коло...

Конечно, македонската кошарка од канцелариите се префли на паркетот, соопштенијата се заменети со кошеви. Во суперлигашката конкуренција нема неважни натпревари, така е и во третото коло.
Работнички славеше во Гевгелија против Кожув со 94:86 и се искачи на второто место на табелата. Најзаслужен за триумфот на скопјани беше Соколов кој постигна 21 поен. Кожув може да падне и на шестата позиција доколку утре Куманово дома го совлада лидерот МЗТ Скопје Аеродром.
Во рамките на третото коло утре ќе играат и Карпош Соколи - Фени Индустри.
