Кошарка - АБА полуфинале

Црвена Звезда повторно поведе, Цедевита намали

18.04.2015 23:20

Црвено-белите славеа со 85:95, а загрепчани беа убедливи со 85:57...

Победа на Звезда против Партизан, за нова предност во полуфиналето во АБА лигата, а Цедевита намали на 2:1 во дуелот со Будуќност. Црвено-белите славеа со 85:95, а загрепчани беа убедливи со 85:57.

Калиниќ и Џенкинс ја предводеа Звезда со 25 поени и 8 скокови, односно 22 поена и 4 прифатени топки. Бобан Марјановиќ постигна 11 поени, сите во првиот период, патем имаше и 7 скокови. Иако имаше проблеми со фаулите, црвено-белата екипа успеа да издржи во последниот период и да ја задржи двоцифрената предност од втората и третата четвртина.

Кај Партизан, Милосављевиќ постигна 23  поени, Мачван имаше 17, а Акојон 14.

Дебаклот на Будуќност во Загреб се случи во третиот период, што цедевита го доби со 17:4, иако по првиот период црногорската екипа имаше 15:29. Немања гордиќ постигна 14 поени, колку што имаше и Томас, а Бараќ два помалку. Будуќност енмаше ниту еден двоцифрен поентер во своите редови.

Утрешните полуфинални натпревари се играат од 19 часот во Загреб, односно од 21 часот во Белград и во живо на собранискиот сервис на Македонската Телевизија.