Уште 7 лица лустрирани за случајот Ченто

13.01.2014 13:52

Комисијата за верификација на фактите на претпоследната седница во овој состав лустрираше уште 7 соработници и наредбодатели за случајот Ченто.Тројца биле од тогашната ОЗНА, двајца јавни обвинители и двајца кодоши,блиски соработници на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Комисијата за верификација на фактите на претпоследната седница во овој состав лустрираше уште 7 соработници и наредбодатели за случајот Ченто.Тројца биле од тогашната ОЗНА, двајца јавни обвинители и двајца кодоши,блиски соработници на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

,,Има уште лица за кои се потребни дополнителни проверки,бидејќи се јавуваат неколкумина со исто име и презиме.Едниот од лустрираните е жив,фигурира дека е жив според податоците добиени од Агенцијата за водење матична евиденција,, вели портпаролот на Комисијата за верификација на фактите Предраг Димитриевски.

Управниот суд  донел одлуки со кои се отфрлаат тужбите на 6-мина предходно лустрирани, што значи дека се потврдува решението на Лустрациска. Неколку месеци порано беше одбиена и жалбата на поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.Единствено членот на Комисијата Дамјановски гласал против одлуката за лустрирање на лицата по предметот Ченто.Уставниот суд ја прифати иницијативата за нелустрирање на поранешни носители на јавни функции,вели Дамјановски.

,,Измина година и пол како е прифатена иницијативата ,а не може да реши,им требале стенографски белешки.Но колку што слушам ги добиле  и белешките,но пак не решаваат,, вели членот на Комисијата за Лустрација,Чедомир Дамјановски.

Задутре лустраторите со отчет пред јавноста за сработеното во изминатиот петгодишен мандат.

В среда лустраторите ќе го разгледуваат годишниот извештај за нивната работа,а истиот ден на Комисијата за избори и именување се номинациите за новиот состав на Лустрациска.

Милчо Велески