Аналитичари: Груевски ги зацврсти црвените линии
Прво правна, па потоа политичка разрешница за случајот „Пуч“. Аналитичарите велат- Груевски ги постави црвените линии и јасно ставил на знаење дека нема да дозволи да се наруши безбедноста...

Со говорот на собирот во Прилеп, премиерот Груевски ги зацврсти црвените линии за што може да се разговара со опозицијата – анализира професорот Александар Даштевски. Тој вели дека Груевски јасно ставил до знаење дека нема да дозволи да се наруши безбедноста, но и дека случајот „Пуч“ ќе чека правна разрешница па дури потоа ќе се бара политичкото решение.
Нема ефект од креираните материјали на Заев, освен што предизвикаа штета за угледот на Македонија, рече вчера во Прилеп лидерот на владеачката партија Никола Груевски. За него Заев е уплашен човек кој не успеа да ги реализира намерите на неговите сценаристи, па затоа е се почесто бил со грч на лицето.
За Груевски стравот на Заев прераснува во агресивност откако лидерот на Социјал демократите изјави дека може и крв да падне. На ваквата изјава реплицираше Груевски со директна порака дека нема да дозволи дестабилизација на земјата.
Ниту странскиот фактор не верува во тоа што го прави опозцијата – констатираше премиерот. Но, аналитичарот Даштески пак вели дека пораките од европските пријатели се повеќе од јасни- опозицијата треба да се врати во парламентот кое е место за дебата и спротиставување на аргументите.
Миле А. Ристески
