Оставките во ДУИ, причина за реизбор во струшкиот огранок
Тројца функционери од Демократската унија за интеграција си поднесоа оставки од партиските и владините функции. Лидерот на интегративците не ги коментираше оставките. Единствено повика на дијалог и компромис меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, со учество на ДУИ...

Хазби Лика, Арбен Лабуништи и Шефик Дураку се тројцата високи функционери во Демократската унија за интеграција кои дадоа оставка во последниве 24 часа. Несогласувањата,според дел од нив се токму на новиот реизбор на делегати како и претседател на огранокот на Струга, кој денес се одржува во Струга, а на кој присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Повеќе од извесно е дека на овој конгрес ќе биде реизбран досегашниот претседател на огранокот на Струга од ДУИ и поранешен градоначалник, Рамиз Мерко. Лидерот Ахмети не сакаше да ги коментира ови оставки, а за политичките проблеми вонашата држава тој истакна дека мора да се изнајде решение помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ пред се затоа што тоа треба да биде во интерес на граѓаните.
„Јас верувам дека сите вклучени страни ќе најдат храброст да ги надминат проблемите, да се надминат себе си и на прво место да ги стават интересите на граѓаните, стабилноста и да не губи на нашата агенда која е добра агенда за сите граѓани на Р.М. не само албанците туку за сите, НАТО и ЕУ, затоа што друга алтернатива за оваа земја нема“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
ДУИ очекува ваквите политички проблеми во нашата држава да бидат што поскоро решени исто како и внатрепартиските недоразбирања кои се појавија изминатиов период.
Јованчо Наумоски
