Се преврте брод со 700 мигранти во Медитеранот

19.04.2015 18:36

Според меѓународните организаци, околу 20 илјади мигранти стигнале на италијанското крајбрежје оваа година, но бројот на загинати e се поголем. Најчесто мигрантите поминуваат низ морињата со небезбедни рибарски бродови...

Рибарски брод со 700 мигиранти се преврте во Медитеранот, недалеку од либијските води, на југот од италијанскиот остров Лампедуза. Во спасувачката акција учествуваат 20 брода и три хелихоптера, а во регионот е прогласена вонредна состојба. Во  операцијатасе приклучи и морнарицата на Малта и комерцијални бродови. 30-мина мигранти се спасени.Според преживеаните, до несреќата дошло кога поголемиот дел од патниците преминале на една страна од бродот, бидејќи им се приближувал трговски брод и мислеле дека ќе ги спаси.

„Ова е е дна од најголемите трагедии на Средоземното море. Од почетокот на 2015 на отворено море загинаа 1.500 луѓе“, вели Карлота Сами - УНХЦР.

За несреќата на Средоземното море се огласија премиерите на Италија и на Малта, Матео Ренци и Џозеф Мускат, а поглаварот на Римокатоличката црква , побара од меѓународната заедница да дејствува за да се спречат ваквите трагични настани.

„Мојата молитва и мојата мисла е со жртвите и нивните семејства. Ја повикувам меѓународната заедница да дејствува брзо и решително за да се избегнат овие трагедии  кои се случуваат постојано. Тие мажи и жени беа во потрага по подобар живот“, изјави Папата Франциск – Поглавар на Римокатоличка црква.

Според меѓународните организаци, околу 20 илјади мигранти стигнале на италијанското крајбрежје оваа година, но бројот на загинати e се поголем. Најчесто мигрантите поминуваат низ морињата со небезбедни рибарски бродови. Во меѓувреме, турските медиуми јавуваат за успешно изведена спасувачка акција во Егејското море. Брод кој што пловел кон грчкиот остров Кос, одалечен околу три километри од Турција во Егејското Море  се превртел. Спасени се 34 лица, меѓу кои и тригодишно дете за кои се смета дека тргнале во потрага за подобар живот.

Марјана Димовска