Цедевита пак, а Партизан првпат пред победнички императив
Што може да се промени за помалку од 24 часа? Како и вчера, Цедевита и денеска е пред победнички императив против Будуќност, а во таква позиција е и Партизан против Црвена Звезда!

Во серијата на хрватскиот и на црногорскиот шампион засега доминантна е предноста на домашниот паркет. Будуќност води со 2-1 и ќе се пласира во финалето со евентуална победа во втората загрепска викенд пресметка. Затоа Цедевита че се обиде да го одржи вчерашното одлично ниво. Откако противникот поведе со 14 разлика на крајот на првата четвртина, наредните 30 минути Цедевита ги доби со 70:28. Будуќност не даде кош од игра во третиот период, а хрватскиот состав конечно го запре Савовиќ, кој на претходните три меѓусебни соочувања постигна неверојатни 70 поени. Јунак во одбраната беше младиот Жганец, но во екипата на Репеша функционираа и шутевите од полудистанца, како и играта под обрачите преку извонредниот Барач и Билан.
„Цедевита имаше 17 скокови повеќе, Барач не измести со ударите од полудистанца, а Томас беше постојан кога се правеше разликата и тоа пресуди“, тренерот на Будуќност, Игор Јововиќ, немаше дилеми за тоа што беше пресудбно за вчерашните 85-57.
„Не би рекол дека товарот е префрлен на другата страна. Будуќност и натаму е во голема предност. Но одигравме извонредна одбрана, доминиравме во скокот и добро трчавме“, рече предводникот на Цедевита Јасмин Репеша.
Позициите од вчера се исти, ако победи Цедевита ќе има мајсторка в среда во Подгорица, а во спротивно Будуќност уште отсега ќе се подготвува за финалето со Црвена Звезда или со Партизан. Црвено-белите ја вратија предноста на свој терен со вчерашната победа во црно-белиот „Пионир“ со 95-85.
„Дефанзивниот скок беше слаба алка во играта на двата тима. Затоа знаевме дека доколку го подобриме скокот, ќе победиме. Тоа го реши мечот“, заклучи кошаркарот на Звезда Никола Калиниќ. Неговиот колега, центарот Бобан Марјановиќ, предупредува дека ништо не е готово и дека не смее да има опуштање.
„Во решавачките моменти беа поборбени и собраа многу топки. Победија заслужено, а ние можеби се опуштувме откако триумфиравме на претходната средба“, рече капитенот на Партизан Драган Милосављевиќ.
Што и да биде, јасно е дека и вечер во загреб и во белград не очекува кошаркарско шот. Впрочем како и на минатите три натпревари.
