Анализа на веб МРТ

Ова е добрососедство: албанската влада планира укинување на Општина Пустец

13.01.2014 13:57

При неодамнешната посета на Македонија шефот на бугарската дипломатија Кристиан Вигенин порача дека Македонија мора да ги реши проблемите со соседите во замена за поддршката за членство во Унијата. Притоа мислеше и на решавањето на разликата за името со Грција. „Прашањата за добрососедство и соработка се едни од клучните теми за кои се проценува подготвеноста на една земја да почне преговори за членство во Европската унија. Ваш интерес е овие услови да бидат исполнети максимално брзо, бидејќи ние би сакале земјите од Западен Балкан што побрзо да станат дел од ЕУ“, рече Вигенин.

При неодамнешната посета на Македонија шефот на бугарската дипломатија Кристиан Вигенин порача дека Македонија мора да ги реши проблемите со соседите во замена за поддршката за членство во Унијата. Притоа мислеше и на решавањето на разликата за името со Грција. „Прашањата за добрососедство и соработка се едни од клучните теми за кои се проценува подготвеноста на една земја да почне преговори за членство во Европската унија. Ваш интерес е овие услови да бидат исполнети максимално брзо, бидејќи ние би сакале земјите од Западен Балкан што побрзо да станат дел од ЕУ“, рече Вигенин. Паралелно со овој процес, ако се отворат и проблемите што постојат со Грција, Република Македонија многу брзо ќе може да ги почне преговорите за членство во ЕУ“, нагласи во таа пригода  Вигенин.  Но од друга страна, Албанија, на пример, не е членка на ЕУ. Ако беше,  којзнае што ќе требаше да направиме за возврат на нејзината поддршка. Медиумите на Македонците во Албанија откриле дека се подготвува укинување на Општината Пустец, населена со  мнозинство  нивни сонародници. На планот се спротивставува и опозицијата во Албанија.  Со новиот Закон за територијална поделба што се подготвува и што треба да стапи во сила пред локалните избори во 2015 година, албанската влада планира да ја укине општина Пустец, која е населена со Македонци, предвидено е во нацрт-верзијата на новиот Закон за територијална поделба. Според нацртот до кој дојде весникот на Македонците во Албанија - Македониум, со овој закон на работната група на албанската Влада предводена од Бленди Чучи, министер за локална самоуправа, се предвидува општина Пустец во областа  Мала Преспа да се припои кон неколку албански општини. Новата општина ќе се вика Полени, ќе опфаќа три околни општини и неколку села и ќе има население од над 41 илјада жители. Припојувањето на Општина Пустец со албанските општини не е во интерес на Македонците од  Пустец, бидејќи во новата општина тие  би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата општина, која ќе биде раководена од градоначалник Албанец и Советот на општината сочинет од Албанци, ќе го раздадат општинското земјиште на Преспанското крајбрежје.

„Укинувањето на општината во која живее мнозинско македонско население е чекор на нивно истребување“, смета амбасадорот Ристо Никовски. Вели треба да се преземат сите релевантни чекори да не се дозволи тоа.

Една умна политика не би требало да има проблем да издејствува  ,, специјални привилегии,, за Македонците во Мала  Преспа. Со вистински постапки можно е македонските власти да издејствуваат отстапки, вели професорот по меѓународна политика Денко Малески.  Смета дека дури и укинувањето на таа општина да е производ на нивната нова државна реорганизација, би требало да се издејствува специјален статус во име на  добрососедството.

Затоа, во контекст на добрососедството, тврдењата на Вигенин дека сме лоши соседи за што труби и Брисел, за амбасадорот Никовски е неуспех на македонската дипломатија која според него не  успеала да го докаже спротивното, па во случајот, жртвата е прогласена за насилник, тврди Никовски.

Анализа на Лидија Чакар