Вардарци со крената глава ги завршија настапите во Л Ш

19.04.2015 19:08

Иако загубија со 33 : 31 се збогуваа од најсилното европско натпреварување со високо крената глава. Натпреварот беше отворен и со многу поголема ефикасност во однос на скопскиот а вардарци водеа во 10 минута со 4 : 5...

Ракометарите на Вардар го остварија ветеното – играа машки и борбено против Кјелце во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите и се до последните моменти беа во игра за триумф. Иако загубија со 33 : 31 се збогуваа од најсилното европско натпреварување со високо крената глава. Натпреварот беше отворен и со многу поголема ефикасност во однос на скопскиот а вардарци водеа во 10 минута со 4 : 5, но полувремето сепак им припадна на домаќините со 16 : 14. Слично беше и во второто, кога во најголем дел резултатот беше израмнет, а македонскиот претставник испушти неколку шанси да поведе. Токму тој психолошки момент го искористија искусните ракометари на Кјелце кои стравуваа буквално до завршните три минути од мечот, во кој екипите влегоа со симетрични 30 : 30.

Завршницата слична како и пред 8 дена во “Јане Сандански“ кога полјаците беа поумешни и победија со 33 : 31. Најефикасен поединец на натпреварот беше Душебаев со 9 погодоци, Карачиќ се истакна со 7, а одличната бековска линија на Вардар ја надополни Горбок со 5 гола. Кај полскиот тим Бјелецки со 8 гола беше најдобар поединец. Секоја чест за “црвено црните“ кои вторпат едноподруго беа меѓу 8 најдобри на континентот и како и лани покажаа дека според квалитетот се рамноправни со европските великани кои играат на завршниот турнир. Полскоит шампион се радува на вториот пласман на завршниот турнир во Келн во последните 3 сезони