Цедевита израмни, ќе решава мајсторка во Подгорица
Гордиќ и Укиќ дадоа по 16 поени, Барач 14, а Билан 12 кај Цедевита, додека во редовите на Будуќност со по 13 коша најефикасни беа Планиниќ и Рејнолдс...

Цедевита и Будуќност ќе играат мајсторка за пласман во финалето на кошаркарската АБА лига. И во денешниот нивни дуел пресуди домашниот паркет, па хрватскиот шампион израмни на 2-2 во серијата подобар до три победи.
Иако Никола Ивановиќ имаше шут за израмнување, на крајот Цедевита се радуваше со 88-85 сосема заслужено, затоа што водеше во поголемиот тек од натпреварот во „Домот на спортовите“. Нејзините бекови и центри беа доминантни, па освен на почетокот кога црногорскиот состав направи позитива од 8-0, главно Цедевита имаше позитива. На полувремето на семафорот пишуваше 40-36, а највисоката разлика загрепчани ја остварија во 32-та минута кога беше 70-55.
Гордиќ и Укиќ дадоа по 16 поени, Барач 14, а Билан 12 кај Цедевита, додека во редовите на Будуќност со по 13 коша најефикасни беа Планиниќ и Рејнолдс.
Мајсторката е в среда во арената „Морача“ од 18 и 30 со пренос на Собрансикиот сервис на МРТ.
