Можно е на бродот што се преврте кај Либија да имало 950 луѓе
20.04.2015 10:58
Според изјавата на еден од преживеаните, имало околу 950 лица...

Италијанското обвинителство соопшти дека на бродот со имигранти што се преврете во Средоземното Море, според изјавата на еден од преживеаните, имало околу 950 лица.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун упати повик до меѓународната заедница да ја подели одговорноста за прифаќање на бегалците. Повика за солидарност на меѓународната заедница и за споделување на тежината на оваа криза.
