Mасовна егзекуција:ИДИЛ уби 24 државјани на Ирак

20.04.2015 11:03

Злосторството е извршено во населеното место Заб, на 95 километри од градот Киркук...

Припадници на терористичката групација Исламска држава спровеле масовна егзекуција на 24 државјани на Ирак во провинцијата Киркук. 

Злосторството е извршено во населеното место Заб, на 95 километри од градот Киркук. 

Сите убиени биле мажи, заробени претходно во акции на екстремистите, а повеќемина од жртвите биле службеници во локалната власт.