„Шпигел“: Екс-офицер на Садам Хусеин бил најважниот стратег на ИДИЛ

20.04.2015 11:13

Самир Мухамед Ал Хлифау, со прекарот Хаџи Бакр, поранешен полковник на тајните служби на армијата на Садам Хусеин, бил член на воениот совет на Исламска Држава...

Поранешен офицер на соборениот ирачки диктатор Садам Хусеин бил најважниот стратег на Исламска држава за преземање на контролата над Северна Сирија, пишува германски  „Шпигел“.

Самир Мухамед Ал Хлифау, со прекарот Хаџи Бакр, поранешен полковник на тајните служби на армијата на Садам Хусеин, бил член на воениот совет на Исламска Држава.

Убиен е во јануари 2014-та од борци на опозициската Слободна сириска армија во Тал Рифат, во Северна Сирија.