Мелбурн Парк ги отвори вратите
Светската елита е одново во еден од најпредизвикувачките тениски простори. Од ноќеска започна првиот грен-слем во 2014 година. Првата натпреварувачка сеанса минува без поголеми резултатски изненадувања. Србинот Новак Ѓоковиќ ,победникот во последните три изданија на Австралија Опен, влезе успешно во одбраната на титулата. Со 3:0 го совлада Словакот Лукас Лацко. Од играчите од првиот светски тениски ешалон, Шпанецот Даниел Ферер со 3:0 го елиминира Колумбиецот Гонзалес. И Томас Бердих стартуваше со максимален против Украинецот Недовјесов.
Светската елита е одново во еден од најпредизвикувачките тениски простори. Од ноќеска започна првиот грен-слем во 2014 година. Првата натпреварувачка сеанса минува без поголеми резултатски изненадувања. Србинот Новак Ѓоковиќ ,победникот во последните три изданија на Австралија Опен, влезе успешно во одбраната на титулата. Со 3:0 го совлада Словакот Лукас Лацко. Од играчите од првиот светски тениски ешалон, Шпанецот Даниел Ферер со 3:0 го елиминира Колумбиецот Гонзалес. И Томас Бердих стартуваше со максимален против Украинецот Недовјесов. Од тенисерите,кои се во главниот натпреварувачки костур во првото коло испадна само Германецот Томи Хас, кој поради повреда му го предаде мечот на Шпанецот Гарсија-Лопез.
Кај тенисерките почна повозбудливо.Серена Вилијамс лесно со 2:0 ја мина Австралијаката Барти. Ли На од Кина со 6:2 и 6:0 беше подобра од Хрватката Ана Коњух. Но се случи првата сензација.Тајланѓанката Луксика Кумкум, 87 –ма тенисерка на ВТА листата со 2:1 ја елиминира 6-та носителка, Петра Квитова од Чешка.И Германката Јулија Гергес е своевидна хероина совладувајќи ја 7-та носителка Италијанката Сара Ерани.
Наградниот фонд на 46-то издание на Австралија Опен е 33 милиони австралиски долари, од кои победниците во поединечна конкренција ќе добијат по 2 милиони и 650 илјади австралиски долари.