Вооружен напад на фудбалски фан клуб во Сао Паоло
20.04.2015 13:14
Поддржувачите на тимот „Коринтијанс“ подготвувале постери за претстојниот натпревар, кога во зградата упаднале вооружените мажи.

Осум лица се убиени при напад на вооружена група врз фудбалски фан клуб во Сао Паоло. Поддржувачите на тимот „Коринтијанс“ подготвувале постери за претстојниот натпревар, кога во зградата упаднале вооружените мажи.
Принудиле седуммина од навивачите да легнат на подот, по што ги застрелале, осмиот загинал во обид да избега.
Според бразилската полиција, убиствата се поврзани со трговија со дрога, а не со непријателство меѓу фудбалски навивачи.
