Кошарка НБА

Антиќ стартуваше во “плеј офот“ со победа, домаќините не дозволија изненадување

20.04.2015 14:07

Најдобриот тим во Источната конференција поведе со 32 : 20 во првата четвртина и до крајот не дозволи резултатски приклучок. Корвер со 21 беше најефикасен на натпреварот, а екс играчот на “јастребите“ Џонсон заврши со 17 кај гостите...

Перо Антиќ постигна 8 поени 3 скокови и 1 асистенција во победата на Атланта над Бруклин со 99 : 92 за почетно водство во серијата до 4 добиени натпревари. Најдобриот тим во Источната конференција поведе со 32 : 20 во првата четвртина и до крајот не дозволи резултатски приклучок. Корвер со 21 беше најефикасен на натпреварот, а екс играчот на “јастребите“ Џонсон заврши со 17 кај гостите. И Кливленд беше сигурен против Бостон со 113 : 100, откако ја контролираше разликата од 8 поени во дуелот со Бостон. Во својот прв постсезонски настап по пауза од 5 сезони во дресот на Кливленд, мега ѕвездата Леброн Џејмс постигна 20 поени и по 7 скокови и асистенции. Ирвин беше најефикасен со 30 поени, а Лав оствари “дабл дабл“ со 19 поени и 12 скокови. Кај Бостон резервистот Томас беше најдобар со 22 поена.

​ЛА Клиперс славеше убедливо над шампионот Сан Антонио со 107 : 92, благодарение на Крис Пол со 32 поени и Блејк Грифин со 26 поени и 12 скокови. Каваи Ленард постигна 18 за гостите чиј главен проблем беше повредата на скочниот зглоб и тетивата на Тони Паркер. Доминацијата на домашните ја потврди Мемфис со стартниот триумф над Портланд од 100 : 86, откако поведе со 19 разлика на полувремето. Животна партија одигра Словенецот Бено Удрих, кој иако резервист имаше “ол раунд“ партија со 20 поени и по 7 скокови и асистенции. Кај гостите единствена светла точка беше Ламаркус Олдриџ со 32 поени и 14 скокови. По полноќ се играат вторите дуели во пресметките меѓу Чикаго-Милвоки и Голден Стејт-Њу Орлеанс.