Барселона: 13-годишно момче со самострел убило учител
Полицијата го уапсила момчето кое се уште нема 14 години и според законот нема да биде сместено во казнено-поправен дом за малолетници и нема да одговара за кривичното дело...

Едно 13-годишно момче изутрината влегло во училиште во Барселона и со самострел убило еден професор и ранило уште најмалку 4 лица.
Според информациите, момчето пристигнало во училиштето околу 9 часот. Најпрвин ја застрелало својата професорка и нејзината ќерка и полесно ги ранило, а потоа го убило и професорот од соседната училница кој се обидел да го спречи нападот.
Полицијата го уапсила момчето кое се уште нема 14 години и според законот нема да биде сместено во казнено-поправен дом за малолетници и нема да одговара за кривичното дело.
Јавното обвинителство ќе треба да донесе одлука дали во овој случај ќе отстапи од законот.
