Запленета марихуана
Полицијата заплени 11-тина килограми марихуана. Дрогата е откриена на улица „Љуботенска“ во Тетово при преглед на патничко возило „лада нива“. Била скриена во багажникот во две најлонски пакувања обвиткани со селотејп. Возилото било во сопственост и управувано од 33-годишно момче од Долно Палчиште. Во возилото бил присутен и 40-годишник од Мала Речица. И двајцата се приведени. По извршениот претрес во објект во Долна Лешница, каде што често престојувало лицето од Мала Речица, во подрумската просторија биле пронајдени уште осум најлонски пакувања со марихуана и една дигитална вага.

Автор: Наташа Гркова-Петрушевска