Мигранти: Нови бродски несреќи
Меѓународната агенција за миграции пак соопшти дека брод со над 300 илегални имигранти тоне во водите на Средозменото Море...

Грчките власти соопштија дека најмалку тројца, меѓу кои и едно дете загинале кога на островот Родос се насукал дрвен брод со неколку десетици мигранти. Дел од луѓето на бродот биле префрлени во болница, додека пак останатите биле однесени во полициска станица. Во тек е спасувачка акција и потрага по преживеани.
Меѓународната агенција за миграции пак соопшти дека брод со над 300 илегални имигранти тоне во водите на Средозменото Море.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, пред министерскиот состанок во Луксембург, изјави дека ЕУ има морална должност да спречи нови трагедии во Медитеранот.
