Нападнат автобус на ОН, 9 мртви

20.04.2015 15:13

Се претпоставува дека бомбата била поставена под седиште во возилото и активирана со далечински управувач кога автобусот бил во близина на зградата на ОН...

Најмалку 9 лица загинаа во Сомалија во бомбашки напад на автобус кој превезувал работници во комплекс на ОН. Меѓу загинаатите двајца биле Кенијци, а останатите биле припадници на обезбедувањето.

Се претпоставува дека бомбата била поставена под седиште во возилото и активирана со далечински управувач кога автобусот бил во близина на зградата на ОН.

Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката Ал Шабаб.