СЗО призна дека не реагирала најсоодветно против еболата
20.04.2015 15:24
Раководството на СЗО смета дека имало пропусти, грешки во комуникацијата, несоодветна поделба на задачите, што предизвика хаотична состојба во најзагрозените подрачја...

Светската здравствена организација призна дека не реагирала најсоодветно во спречувањето на епидемијата на ебола, од која заболеа повеќе од 25 илјади, претежно африканци, а починаа 10 илјади.
Раководството на СЗО смета дека имало пропусти, грешки во комуникацијата, несоодветна поделба на задачите, што предизвика хаотична состојба во најзагрозените подрачја.
Критичарите на организацијата сметаат дека основната грешка е необјавувањето на вонредна состојба, што предизвика проширување на епидемијата во неколку земји, од која починаа илјадници луѓе
