2014-та ќе ја отвориме со нови странски инвестици

13.01.2014 15:45

2014-та ќе ја отвориме со нови странски инвестиции. Кон средината на месецов ќе се објави името на уште една компанија која донесла финална одлука за инвестирање во земјава. Според најавите на надлежните, првиот квартал од годинава ќе биде период во кој неколку странски компании ќе ги објават своите бизнис - планови.

2014-та ќе ја отвориме со нови странски инвестиции. Кон средината на месецов ќе се објави името на уште една компанија која донесла финална одлука за инвестирање во земјава. Според најавите на надлежните, првиот квартал од годинава ќе биде период во кој неколку странски компании ќе ги објават своите бизнис - планови.

Наскоро, околу 20 јануари, ќе бидеме во можност да објавиме уште една инвестиција, а верувам дека до крајот на март ќе успееме, барем пет од шесте инвестиции што ги најавивме, да ги објавиме заедно со самите инвеститори”, изјави Висар Фида, директор на Агенцијата за странски инвеститори и промоција на извозот

Според проекциите, годинава во постојните капацитети во слободните економски зони ќе бидат вработени 3.500 луѓе. Странските компании велат дека се задоволни од бизнис - климата, иако признаваат дека се уште се соочуваат со одредени проблеми од административен карактер, на чие надминување веќе работат со властите.

Џонсон Мети изминатиов период имаше вистинска експанзија во Република Македонија. Ние постојано инвестираме, што покажува дека сме среќни од работењето во земјава. Постојат одредени проблеми, меѓутоа тоа во никој случај нема да не спречи во намерата и понатаму да инвестираме во оваа земја”, изјави Џатин Такрар, генерален менаџер на Џонсон Мети – Македонија

Во врска со наодите на Државниот ревизор дека не постои целосна евиденција за висината на државната помош што им се дава на странските инвеститори, за почитувањето или непочитувањето на обврските од договорите, или за тоа дека дел од компаниите пласирале производи и на домашниот пазар, директорот Фида најави дека за неговиот дел, кој се однесува на работата на промоторите, ќе направат нова ревизија од независна ревизорска куќа.

Според податоците на Централната банка, нивото на странски инвестиции, заклучно со октомври, изнесува речиси 209 милиони евра. За годинава властите предвидуваат дека странските инвестиции ќе ја надминат бројката од 300 милиони евра.

Новинар: Мартин Пушевски