„Кралевите“ со рекордна победа сезонава, Антиќ не играше
13.01.2014 15:50
Статусот на Перо Антиќ е неизвесен од ден за ден, пореди проблемите што се појавија во долниот предел на неговиот 'рбет. Атланта без нашиот интернационалец загуби по две последователни победи, со него во стартната петорка. Гризлис славеа дома против Хокс, со 108:101. Во статистиката се истакна Мајк Конли со 21 поен и со 13 асистенции, Зак Рендолф постигна 18 поени со 12 скокови, серијата 25:12 во финалниот период беше пресудна за конечниот исход. Кај поразените, Пол Милсап со 21 и Џеф Тиг со 20 поени, беа најприсени на овој меч.
Статусот на Перо Антиќ е неизвесен од ден за ден, пореди проблемите што се појавија во долниот предел на неговиот 'рбет. Атланта без нашиот интернационалец загуби по две последователни победи, со него во стартната петорка. Гризлис славеа дома против Хокс, со 108:101. Во статистиката се истакна Мајк Конли со 21 поен и со 13 асистенции, Зак Рендолф постигна 18 поени со 12 скокови, серијата 25:12 во финалниот период беше пресудна за конечниот исход. Кај поразените, Пол Милсап со 21 и Џеф Тиг со 20 поени, беа најприсени на овој меч. Куриозитетно, Хокс се поразени само трет пат во последните 15 дуели со Мемфис.
Сакраменто го декласира Кливленд со 124:80, најголемата маргина сезонава и трета највисока победа во историјата на Кингс. До третата победа по ред, домаќините ги предводеше Ајзеа Томас, со 26 поени.
Сан Антонио стигна до четвртата победа по ред, совладувајќи ги Тимбервулвс со 104:86. Во сенка на Каваи Ленард кој што постигна вкупно 17 поени, 13 во вториот дел, останаа Тим Данкан со 15 и тони Паркер со 14 поени и со 10 асистенции. Бонер постигна 4 тројки од 5 обиди, Џинобили и Сплитер не играа, во текот на мечот се повреди Грин.
