Искушението на Баерн Минхен
Гвардиола посочи на лекарскиот тим! Наводно, влијаел врз долгиот список на повредени фудбалери. Негатива од два гола во оваа фаза од Лигата на шампионите е резултатска неволја, но не и ненадоместлива...

Минатата седмица Баерн влезе во тешко искушение. Нагази на „мина“ во Порто! Последиците беа пораз со 1:3. Епилог непријатен, малку очекуван во редовите на баварскиот гигант, па предизвика немир и барање на виновници. Гвардиола посочи на лекарскиот тим! Наводно, влијаел врз долгиот список на повредени фудбалери. Негатива од два гола во оваа фаза од Лигата на шампионите е резултатска неволја, но не и ненадоместлива. Добра вест за Баерн е враќањето на Лам и Швајнштајгер во тимот, можеби и на Рибери.Робен,Бенатија, Алаба, Хави Мартинез и натаму ги лекуваат повредите.Девет пати низ историјата Баерн Минхен успевал да преброди резултатска негатива од првите натпревари.
Гвардиола стрепи и верува.Вели:„ова денес е нашето финале“. Тренерот на Порто Лопетеги е на чекор од резултатското чудо.После11 години има шанса да го внесе Порто во ½ финалето од Лигата на шампионите.Вечер на „Алијанс“ ќе му недостасуваат бековите Данило и Алекс Сандро, кои ќе ја одработуваат суспензијата поради жолти картони. Но, смета дека има добри алтернативи. Порто игра одлично, особено на гостувањата на кои сеуште не е поразен.Навивачите на Порто ја враќаат сликата од Виена во 1987-та кога против Баерн ја освои првата европска круна. Приврзаниците на Баерн Минхен се надеват дека ќе се повтори 2000-та кога Баерн токму во ¼ финалето го елиминира Порто.
Во многу поинакв амбиент и расположение ќе биде проследено истрчувањето на играчите на Барселона и ПСЖ на „Ноу Камп“.Со капиталот од 3:1 играчите на Барсавлегуваат во финализирање на започнато минатата седмица на „Паркот на принцовите“. Кога е најпотребнодобро функционира „застрашувачкото“ трио Меси,Неимар и Суарез, па и вечер се очекува нов нивен голгетерски танц. ПСЖ во Барселона допатува посилна за Ибрахимовиќ и Верати, кои од трибините го следеа првиот натпревар.Со нив актерскиот состав ќе биде комплетен, но мала е веројатноста дека претставатана „Ноу Камп“ ќе добие натпреварувачка тензија.
Лига на шампиони:1/4 финале
20.45 Баерн Минхен-Порто (1:3)
20.45 Барселона-ПСЖ (3:1)
