Вооружени лица зазеле полициска станица во Гошинце, Општина Липково?!

21.04.2015 12:34

Според информациите, полициската станица бела заземена од група вооружени насилници, кои наводно го земале оружјето, а полицајците ги избркале...

Утрово се случил инцидент во полициската станица во село Гошинце, општина Липково, објавија повеќе интернет медиуми.

Според информациите, полициската станица бела заземена од група вооружени насилници, кои наводно го земале оружјето, а полицајците ги избркале.

Порталот МКД.мк неофицијално објави дека четириесетина вооружени лица од Косово утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, и заробиле четворица македонски полицајци.

Се очекува прес-конференција на МВР.