Средба Груевски- Дол: Поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија
Што побрзо да се изнајде решение за политичката состојба во Македонија и да се деблокира преговарачкиот процес со Европската Унија...

Средба на премиерот Никола Груевски со претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол во Брисел. Што побрзо да се изнајде решение за политичката состојба во Македонија и да се деблокира преговарачкиот процес со Европската Унија.
„Се сретнав со господинот Жизеф Дол, претседател на ЕПП и голем пријател на Република Македонија и човек што и посакува добро на нашата држава. Разговаравме на повеќе теми, вклучително и темата за нашите напори за добивање на датум за преговории почеток на преговори за членство во ЕУ. Секако, разговаравме и за актуелните случувања во Република Македонија, за што детално го информирав, а тој покажа голем интерес. Се разбира, негова и цел на сите пријатели на Македонија е актуелните случувања во земјата што побрзо да се разрешат и земјата непречено да ги продолжи своите напори за почеток на преговорите за членство во ЕУ и напредок на тој план“, изјави премиерот Груевски по средбата.
По средбата со Дол, Груевски заминува на состанок со шесте премиери од Балканот кои заедно со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц ќе разговараат за инфраструктурното и енергетското поврзување спонзорирано од ЕУ.
