Голден Стејт и Чикаго не дозволија брејк
Најдобрата екипа од основниот дел од сезоната, Голден Стејт поведе со 2:0 против Њу Орлеанс откако славеше со 97:87. За Вориорс ова беше 20-та победа по ред во Оукленд, а вкупно 41-ва во последните 43 меча...

Голден Стејт и Чикаго максимално ја искористија предноста на домашниот терен во првото НБА плеј - оф коло. Најдобрата екипа од основниот дел од сезоната, Голден Стејт поведе со 2:0 против Њу Орлеанс откако славеше со 97:87. За Вориорс ова беше 20-та победа по ред во Оукленд, а вкупно 41-ва во последните 43 меча. Иако губеа со 13 разлика во првата четвртина, Клеј Томсон со 26 и Стефон Кари со 22 поена не им дозволија брејк на Пеликанс пред следните два гостински дуела.
Последна екипа којашто славела на паркетот на Голден Стејт и тоа во јануари е Чикаго којшто и вторпат беше подобар од Милвоки. За триумфот од 91:82 најзаслучно е триото Џими Батлер со 31 поен, Дерек Роуз со 15 и пау Гасол со 11 коша на коишто придодаде и 16 скока. Клучна за осмиот плеј - оф пораз по ред од 2010 на Бакс беше низата на Булс од 13:0 во последниот период.
Серијата во којашто за успех се потребни четири триумфи, ноќта меѓу четврток и петок ќе се пресели во Милвоки.
