Три жртви на бурата во Австралија
21.04.2015 14:53
Властите на државата Нов Јужен Велс го затворија пристаништето за комерцијални бродови во Сиднеј за 48 часа...

Во Сиднеј загинаа три лица во силната бура проследена со обилни дождови и ветар што ги рушеше стеблата и предизвика прекин на струјата во над 200 илјади домаќинства.
Отежнато беше и движењето на бродовите. Властите на државата Нов Јужен Велс го затворија пристаништето за комерцијални бродови во Сиднеј за 48 часа . Затворени се и над 100 училишта. Веќе втор ден дува жесток ветар од 135 климетри на час, а дождот го поплави регионот. Според Метеоролошкиот завод, за 24 часа во Сиднеј паднале 119 милиметри вода, што е највисок степен по 2002 година.
