Уште еден рекорд на јапонскиот левитирачки магнетски воз
21.04.2015 15:28
Во мината недела на тестирањето постигна најголема брзина од 590км на час...

По неколку дена откако го постави светскиот рекорд во брзина, јапонскиот воз што левитира на магнет повторно го сруши постигнатиот резултат со 603 км на час.
Во мината недела на тестирањето постигна најголема брзина од 590км на час. Пред тоа рекордот беше 581 км и беше актуелен 12 години. Возот ќе биде пуштен во сообраќај во 2027 година и ќе се движи на линијата Токио-Нагоја.
