Поквалитетни услуги од телекомуникацискиот сектор

13.01.2014 16:31

Развој на телекомуникацискиот сектор кој ќе донесе подобри услуги за граѓаните

 Ова е целта на новиот закон за електронски комуникации за кој се одржа втора јавна расправа.  Во него се предвидува Агенцијата за електронски комуникации да биде едношалтерски систем, односно операторите да побараат услуга, а таа да ги собере сите потребни информации од другите институции.

Ова го правиме за граѓаните да добиваат поквалитетни услуги од телекомуникацискиот сектор, а самите оператори да бидат поконкурентни, изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски .

Новина е и распределбата на приходите на универзалната услуга кои сега ги користи само еден оператор. Има и казни за операторите ако не излезат во пресрет на граѓаните, но и ако ја нарушат конкуренцијата. Глобите се од 3.000 до 20.000 евра. Казните се однесуваат за непочитување на правата на корисниците, но највисоки се оние ако операторите ја нарушат конкуренцијата, рече Лилјана Денковска од АЕК.

 Законот за електронски комуникации може да претрпи измени иако се прави по директиви на Европската Унија. Министерот Ивановски информираше дека засега операторите имале само  технички забелешки.

 

Миле А. Ристевски