Обрван повика 17 играчи за натпреварот со Франција
Во тимот ги нема десниот бек Вугринец и десното крило Златко Мојсоски, на чии места се Влатко Митков и Никола Костески. Меѓу повиканите се голманскиот тандем Ристовски и Ангелов, бековите Кирил и Филип Лазаров, Миркуловски, Мојсоски, Јоноски, Прибак и Марковски, крилата Манасков, Георгиевски и Ојлески, како и пикерите Стоилов и Пешевски, кој е алтернатива за повредениот Никола Маркоски...

Во пресрет на квалификацискиот натпревар против Франција за пласман ан ЕП 2016, селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван ги соопшти имињата на 17 ракометари кои треба да му се спротивстават на светскиот, олимписки и европски шампион. Во тимот ги нема десниот бек Вугринец и десното крило Златко Мојсоски, на чии места се Влатко Митков и Никола Костески. Меѓу повиканите се голманскиот тандем Ристовски и Ангелов, бековите Кирил и Филип Лазаров, Миркуловски, Мојсоски, Јоноски, Прибак и Марковски, крилата Манасков, Георгиевски и Ојлески, како и пикерите Стоилов и Пешевски, кој е алтернатива за повредениот Никола Маркоски.
Натпреварот Македонија Франција е закажан за 29 април во СЦ “Борис Трајковски“. Тоа ќе биде дерби во 6 група во која по првите две кола “триколорите“ водат со 4 бода, еден повеќе од репрезентацијата на Македонија, по победата над Швајцарија и ремито на гости во Чешка.
