Вардар експресно на финалниот турнир во купот
Најпрвин во 1 /8 финалето имаа лесна задача против Борец со 45 :24, а потоа и во 1/4 финалето во дуелот со Охрид со 41 :22. Со тоа “црвено црните“ на убедлив начин се пласираа на завршниот турнир во купот...

Ракометарите на Вардар се пласираа во 1 /2 финалето на ракометниот куп на Македонија, откако денес славеа 2 победи. Најпрвин во 1 /8 финалето имаа лесна задача против Борец со 45 :24, а потоа и во 1/4 финалето во дуелот со Охрид со 41 :22. Со тоа “црвено црните“ на убедлив начин се пласираа на завршниот турнир во купот, во кој ќе го бранат трофејот во конкуренција на екипите на Металург, Зомимак М и Пролет.
Финалето ќе се игра викендот на 16 /17 мај, кога на програмата се и натпреварите од женскиот куп. Во полуфиналните натпревари главниот фаворит ЖРК Вардар ќе игра со Вардар, а Металург за противник го има Пелистер.
