Британија се приклучува кон потрагата и спасувањето на мигрантите во Медитеранот

22.04.2015 12:12

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја потврди информацијата и додаде дека приклучување кон операцијата е да се стави крај на опасните и безнадежни патувања на мигрантите...

Велика Британија ќе учествува во потрагата и спасувањето на мигрантите во Медитеранот. Британскиот премиер Дејвид Камерон ја потврди информацијата и додаде дека приклучување кон операцијата е да се стави крај на опасните и безнадежни патувања на мигрантите од африканските земји кон европскиот континент.

Камерон в четврток во Брисел ќе учествува на вонредниот самит на земјите од ЕУ посветен на мигрантската криза.