Штрајк на лекарите во јавното здравство во Словенија
22.04.2015 13:37
За 28 мај најавија нов, целодневен штрајк, доколку не се исполант нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа...

Словенечките лекари вработени во јавното здравство одржаа едночасовен штрајк, кој не предизвика поголем застој во здравствените установи, но за 28 мај најавија нов, целодневен штрајк, доколку не се исполант нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа.
Владата штрајкот го оцени како непотребен и како притисок за зголемување на нивните плати, за што, како што велат, немало пари во буџетот.
