Новата првенствена рунда без дербито
Вниманието ќе беше фокусирано на дербито во Куманово меѓу Шкендија и Вардар, но од безбедносни причини овој натпревар е одложен. Интересно ќе е средбата меѓу Работнички и Металург...

Прволигашите денеска ќе имаат ново истрчување. Ќе се одиграат четири натпревари од 26 –то коло на фудбалското првенство на Македонија. Вниманието ќе беше фокусирано на дербито во Куманово меѓу Шкендија и Вардар, но од безбедносни причини овој натпревар е одложен. Интересно ќе е средбата меѓу Работнички и Металург, екипите кои минатата година беа финалисти во Купот на Македонија. Привлечност имаат и дуелите на тимовите кои се борат за опстанок: Силекс –Пелистер и Тетекс-Брегалница. Ренова во трката за позиција која обезбедува излез во Европа за противник ја има екипата на Хоризонт.
Прва лига-26 коло: 16.00 часот
Ренова-Хоризонт
Силекс-Пелистер
Тетекс-Брегалница
Работнички-Металург- пренос МРТ
Шкендија-Вардар -одложен
