Во Франција уапсен 24 годишен студент, подготвувал напади на цркви

22.04.2015 13:44

Службите за безбедност во неговиот автомобил пронашле големо количество оружје...

Француската полиција уапси 24-годишен студент, кој се сомничи дека подготвувал напади врз цркви. Момчето и било познато на полицијата поради неговите контакти и чести патувања во Сирија.

Службите за безбедност во неговиот автомобил пронашле големо количество оружје. Момчето е осомничено дека било поврзано со убиство на жена во близина до Париз.

Француските безбедносни сили го подигнаа нивото на безбедност по терористичките напади на списанието „Шарли Ебдо“ и нападот во еврејската продавница.