Штрајкови во Белгија и Германија
Поголемиот број училишта и државни претпријатија се затворени. Претставници на Синдикатот соопштија дека протестите се реакција на Владата да воведе мерки за штедење. За следниот месец е закажан генерален штрајк...

Штрајкот на работниците од јавниот сектор речиси целосно го блокираше Брисел и уште неколку градови во Белгија. Поголемиот број училишта и државни претпријатија се затворени. Претставници на Синдикатот соопштија дека протестите се реакција на Владата да воведе мерки за штедење. За следниот месец е закажан генерален штрајк.
Штрајк и во Германија. Машиновозачите од Германската железница по седми пат од септември 2014-та протестираат за зголемување на платите и намалување на работното време. Прекинот на работа остави милиони патници на станиците.
